Наши партнери

  • Domino

    Domino е водечки светски производител на опрема за обележување која се одликува со висок квалитет на кодот, флексибилност и доверливост. Низ повеќегодишното искуство и разој, Domino има богато портфолио кое се состои од: континуирани инк-џет принтери, термални инк-џет принтери, ласери, фолиски принтери, P&A системи, Piezo DOD принтери и Valve jet принтери за големи карактери. Својата понуда Domino ја дополни со уреди за дигитална штампа за апликации со варијабилна монохроматска штампа и за персонализирани full color апликации.

  • Loma Systems

    Со богато искуство од преку 40 години, компанијата Loma, претставува самиот светски врв во дизајнот и производството на метал детектори, проточни ваги и X-ray системи наменети за прехрамбената, фармацевтската и индустријата за пакување. Проектирани се за да ги задоволат најстрогите стандарди поврзани со безбедноста на производите, идентификување на недостатоците на производите и елиминирањето на секоја можност за контаминација. Loma уредите се синоним за сигурна и доверлива опрема, која осигурува безбедност на вашиот производ низ максимална расположливост и ниска цена на експлоатација.

  • Sisma

    Италијанската компанија Sisma претставува светски познат производител чија дејност е дизајн и производство на високо прецизни ласерски уреди наменети за обележувања во индустријата и златарството.
    Sisma ласерите овозможуваат можност за трајно обележување на производи: метални компоненти, пластика и други цврсти елементи, како и можност за прецизно сечење на материјалите со голема брзина и прецизност. Долгогодишното искуство и иновативност гарантираат производ со висок квалитет и исклучителна сигурност при работа.

  • FT System

    FT System се занимава со производство на опрема за инспекција и контрола на производи, која осигурува исправност на пакувањето и визуелниот изглед на производот, со што се обезбедува квалитет на производите и брендот. Инспекциските системи својата примена ја наоѓаат во индустријата за пијалаци, храна, хемија, козметика како и фармацевтската индустрија. FT System решенијата можат да контролираат стакло, пластика, ламинарна хартија и метални садови кои се користат во различни апликации, како што се инспекцијата на флаши. тегли, лименки, кутии.

  • Telesis

    Американската компанија Telesis е лидер во производството на опрема за трајно маркирање на метали и пластика. Telesis системите се базирани на патентирана технологија и потполно програмабилна платформа за означување со една или повеќе игли.

  • Toshiba

    Toshiba TEC е јапонски производител со широка палета на принтери за етикети со највисок квалитет, исклучитени перформанси и доверливост, кои работат на принцип термо трансфер и термо директ технологија. Поради својата ценовна пристапност, сигурност и едноставност при работа, претставуваат идеално решение за сите AUTO-ID потреби.

  • Wiedenbach

    Wiedenbach претставува водечки снабдувач на специјални континуирани инк џет принтери, како и специјални апликативни решенија.
    Wiedenbach има големо искуство во областа на развојот, производството и примената на инк џет решенија, кое како резултат на тоа е специјализираност за решавање на најтешки апликации. Wiedenbach е член на Domino групата и е позициониран во секторот на специјални апликации.

  • Lake Image Systems

    Lake Image Systems е светски лидер во дизајнот, развојот и производството на технологија за снимање и скенирање во индустријата на принтање, адресирање и етикетирање. Со отчитувањето и обработката на варијабилни податоци Lake Image Systems обезбедуваат интегритет и квалитет на отпринтани варијабилни податоци, со оптимизација на производните процеси и зголемувањето на квалитетот на производот.

  • Armor

    Armor е француска компанија која е светски лидер во производството на рибони кои се користат за термо трансфер технологијата на принтање на бар кодови, логоа и други информации на етикетите или флексибилните пакувања. Квалитетот на Armor рибоните обезбедува квалитетен испис. Познати се по отпорноста при ракување, абразија како и на многу други температурни, хемиски или климатски влијанија.

  • Anser

    Anser е производител на термал инк џет принтери базирани на termal ink jet технологијата, која претставува ценовно ефикасно решение за индустриско обележување на производите. Anser принтерите се одликуваат со доверливост и едноставност при работа, без потреба за конвенционално одржување.

  • Reiner

    Reiner е германска компанија основана 1913 година. Со преку 200 вработени константно работи на усовршување на производните системи за рачно кодирање и маркирање. Компанијата Reiner е во можност да Ви понуди решенија за Вашите потреби било дали да се работи за апликација која бара текст, бар код, лого или комбинација на се од наведеното.

  • Zebra

    Zebra technologies е водечки производител на решенија и опрема за мобилна аквизиција на податоци. Zebra нуди комплетни решенија за примена во производството, здравството, трговијата, транспортот, шпедицијата, а со своето широко портфолио ги задоволува и најсложените апликации. Висококвалитетни и пристапни решенија докажани во пракса кои ја олеснуваат вашата работа и ја одржуваат на високо ниво.

  • Valco Melton

    Valco Melton  е  американска  компанија  специјализирана  за  производство  на  системи  за  лепење  со  топлив  лепак.  Машините  се  одликуваат  со  оптимална  доверливост  и  потполна  контрола  на  работата.  Широката  примена  на  Valco Melton  системите  за  лепење  со  топлив  лепак  го  услови  развојот  на  дизајн  и  функционалноста  за  да  се  задоволат  потребите  на  корисниците  ширум  светот.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                  

  • Comarme

    Comarme компанија со много години искуство исклучиво во производството на системи за формирање и лепење на транспортни кутии. Производството е насочено кон задоволување на најсложените потреби на корисниците што го докажуваат многубројните системи инсталирани во производствените погони ширум светот. Користењето на најквалитетни материјали и компоненти во производството на машини резултира со висока доверливост, што Comarme го поставува на лидерската позиција во областа на формирање и лепење на транспортни кутии.

  • Rotech

    Rotech е англиска компанија со преку 18 години искуство во производството на системи наменети за вложување и транспорт на производи. Со широк спектар на автоматизирани системи наменети за најразлични производи во комбинација со адекватни уреди за кодирање и маркирање претставуваат решенија за широк спектар на апликации. Компактни димензии, иновации и практичност, се некои од најголемите бенефити кои ги поседуваат со инженерски пристап кон секое решение.