Правосмукалки за дим

Чист воздух во индустриска средина

DPX систем за усисување на димот

Domino DPX – ефикасно и ефективно одведување на честичките од испарувањето – гасовите од ласерските системи за обележување.

Интелегентно конструираниот DPX прочистувач на воздух, во околина на ласерскиот кодер, ги штити вработените од можните штетни испарувања и честички.

Широк спектар на апликации

Во интеграција со ласерскиот кодер, ја чува чистотата, ги чува и останатата опрема – со тоа одржува квалитет на исписот.

Правосмукалки за дим

Како работи?

DPX единицата за прочистување врши двостран процес на филтрација со максимален ефект и минимални трошоци при одведување на гасовите.

Воздухот поминува низ главниот филтер, кој задржува исклучително ситни честички, потоа поминува низ јаглеродна хартија која ги стопира сите штетни гасови. Чистиот воздух потоа, се враќа во атмосферата.

Сензорот кој се наоѓа внатре во уредот ја контролира чистотата на воздухот при враќање во атмосферата. Ако се детектира било каква честичка или гасови, DPX единицата се исклучува автоматски и се уклучува аларм кој не дозволува контаминираниот воздух да се ослободи.

Клучни предности:

Ефикасното одведување на испарувањата при користење на ласерските системи за маркирање е важно од следниве причини:

  • Усогласеност со здравствените и сигурносните регулативи,
  • Обезбедување на чисто и безбедно работно опкружување,
  • Подобрување на ефикасноста на производството и намалување на застоите при работа,
  • Обезбедување на константен квалитет на испис,
  • Едноставен за користење и одржување.